Вучиќ: Србија никогаш нема да се придружи кон антируските санкции
Србија има за цел да ги задржи пријателските односи со Русија и никогаш нема да се придружи кон антируските санкции, изјави синоќа српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за националната телевизија РТС.
Тој како цел на српската надворешна политика го посочи и подобрувањето на односите со Кина.
- Ние одиме по европски пат. Нашата цел е да ги задржиме стабилни пријателските односи со Русија и ние никогаш нема да воведеме санкции кон Русија. Втората наша цел е развивање односи со Кина, посочи Вучиќ на прашањето дали новата влада ќе биде прозападна.
На 15 јуни Вучиќ ја предложи Ана Барнабиќ за премиер и и порача да ги зајакне односите со Европската унија, со Русија, со Кина и со САД. Како основни задачи ги наведе зголемувањето на авторитетот на Србија на меѓународен план и развој на национачната економија.
Претседателот на Србија посочи и дека никогаш нема да ја признае независноста на Косово.
- Како можам да го признам Косово, ако над Уставот се заколнав дека никогаш немма да го признаам Косово, наведе Вучиќ.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите на светот
-
Пченицата ќе се откупува по 12 денари, највисока откупна цена досега, рече Трипуновски
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Тошковски и Дачиќ потпишаа договори за „One Stop“ систем на Табановце-Прешево
-
Љутков даде отчет за сработеното во изминатата година
-
Рекордни 20 милијарди денари вложени во инфраструктура и локален развој
-
Мицкоски најавува данок за лица кои не се брак, вели вклучен е демографскиот аларм
-
Брзи гранични контроли на Табановце