Вучиќ: Србија не е опасност за регионот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека сите земји во регионот треба да знаат дека не се загрозени од никаква опасност од Србија, ниту ќе бидат, но Србија ќе се брани.
Запрашан за коментарите во Хрватска поради ракетите што ги поседува Србија, Вучиќ на прес-конференција рече дека поранешниот хрватски министер за одбрана Анте Котромановиќ велел дека ќе го „почастат“ Белград со ракети ХИМАРС и дека – кога ќе го чуете тоа – сè е во ред, но дека ова е навика од минатото.
„Ние ќе го чуваме мирот, а вие се фалете се колку сте храбри“, рече Вучиќ по седницата на Советот за национална безбедност, посветена на енергетската криза поради конфликтот на Блискиот Исток.
Вучиќ, изјави дека државата речиси ќе се откаже од своите приходи од акцизи на нафтени деривати. Тој присуствуваше на вонредниот состанок на Советот за национална безбедност во врска со моменталната состојба со изворите на енергија.
„Денеска ќе ја намалиме акцизата за уште 40 проценти, кумулативно за околу 61 процент. Речиси ќе се откажеме од нашите државни приходи, за да ја задржиме оваа цена. И ќе ја задржиме во наредните недели. Освен ако не достигне 200 долари за барел. Тогаш не знам. Ќе бараме решение“, рече Вучиќ.
Вучиќ изјави дека двете фундаментални цели на државните мерки се целосна понуда и цени под контрола.
„За да ги постигнеме тие две основни цели, нашите мерки се следниве. Прво, ќе ги намалиме акцизите. Годишно собираме две милијарди евра од акцизи, а тоа е нашиот најголем приход од акцизи – финансираме училишта, патишта и од тоа исплаќаме плати“.
Претседателот на Србија, имајќи ги предвид тензиите и ситуацијата во светот, рече дека „не само на краток рок, туку и за неколку месеци, ќе мора да се донесат многу болни мерки за државата, но тој ќе се погрижи тие да не бидат болни мерки и за граѓаните“.
Освен претседателот Вучиќ, на седницата присуствуваа и сите релевантни членови поврзани со енергетскиот сектор.
Тој објави дека цената на литар дизел ќе биде за 4 динари повисока и ќе изнесува 212 динари, а литар бензин ќе биде поскап за 2 динари и ќе чини 188 динари. Посочи дека според Законот за трговија, државата ја намалила акцизата на горивата за 20 проценти и дека денеска ќе ја намали за уште 40 проценти.
„Според законот, имаме право да намалиме за 20 проценти, а во законот најдовме можност да намалиме за повеќе од 20 проценти. Денеска ќе намалиме за уште 40 проценти, кумулативно ќе ја намалиме акцизата за околу 61 процент, речиси ќе се откажеме од државните приходи, за да ја одржиме оваа цена (212 динари) и ќе ја задржиме во наредните недели“, рече Вучиќ.
Тој изјави дека намалувањето на акцизата не може да биде единствената мерка, и затоа на пазарот се пласираат 40.000 тони дизел од државните резерви.
МИА
Ново на Сител
-

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради најавениот меморијал на хероите во Киев
-

Мисајловски: Со развој на воена индустрија, дел од парите што ги одвојуваме за одбрана би можеле да останат во македонски компании
-

Ставен под контрола пожарот на Жеден
-

Трамп: Иран доживува целосен колапс
-

Вчера констатирани 140 прекршоци, осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли
-

Во одредени делови од земјата појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи
-

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден
-

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент
