Вучиќ: СПЦ може да служи литургии за Велигден, но без присуство на луѓе
![]()
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека „не може да прави исклучоци и ќе го замоли патријархот на СПЦ Иринеј велингденските служби да се одржат без присуство на луѓе“.
-Опасноста од вирусот и натаму е голема и ние не можме да првиме исклучоци. Нашата работа е да ги штитиме животите на луѓето и јас денеска повторно ќе го повикам патријархот Иринеј за да го замолам службите да се одржат, но без присуство на луѓе, а сите телевизии сигурен сум дека ќе прават преноси и така ќе ги сочуваме нашите животи, изјави Вучиќ на прес конференција со членот на претседателството на БиХ, Милорад Додик.
Тој додаде дека ќе се држи до словото на законот и дека нема да ги спречува свештениците во одржување на литургиите, за што доби подршка од Милорад Додик.
По барањето на СПЦ за овозможување на присуство на верници за време на неделната Велингденска литургија, Вучиќ вчера гостувајќи на ТВ Дневникот на РТС изјави дека ќе и „предложи на владата полицискиот час за време на Велингденските празници да трае 84 сата, почнувајќи од петок во 17 часот до вторник во 5 часот.“
Ново на Сител
-

Кошта ја стартуваше балканската турнеја – утре доаѓа во Скопје
-

Филипче: Власта намерно ја кочи реформската агенда
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за половина денар
-

Пропустите кај млечните производи може да ја намалат продажбата
-

ЦЈЗ Скопје утре ќе каже поради што 20-тина деца од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ завршија во болница
-

Ниту еден македонски универзитет меѓу најдобрите 2.000 во светот
-

За првпат во Македонија ќе се полага три вида матура
-

Македонците одбиваат пари за да го променат политичкото убедување покажуваат европските истражувања
