Вучиќ: Состанок во Париз најверојатно нема да се одржи
Српскиот претсетдаел Александар Вучиќ изјави денeска дека со 99 отсто сигурност може да каже дека состанок во Париз нема да се одржи.
– Мислам дека Албанците не се подготвени да разговараат за важни работи, дека на посебен начин сакаат да испратат порака до Германците и до Французите дека не се Европјаните тие кои треба да го решаваат косовскиот проблем, изјави Вучиќ за ТВ Пинк.
Тој додаде дека Србија се однесувала конструктивно, сериозно и сака дијалог и конструктивно решение, но не сака да влегува во разговори со кои може да каже дека однапред потпишале независност, а дека за царините не може да се зборува.
Според него, Приштина не сака дијалог и сака со се да управуваат САД и никој друг. – Мислам дека нивната одлука е да не се одржи состанок, нагласи Вучиќ додавајќи шансите се помали од еден отсто Албанците да прифатат да се разговара за царините.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста