Вучиќ: Русија е подготвена да се вклучи во дијалогот Белград-Приштина
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека од неговиот руски колега Владимир Путин добил потврда оти Русија е подготвена да се вклучи во дијалогот меѓу Белград и Приштина што се води под покровителство на ЕУ, доколку биде приширен неговиот формат и во него се вклучат и САД.
- Постигнавме еден вид договор во случај ако има обиди и намери да се прошири форматот на учесници и посредници во разговорот меѓу Белград и Приштина и ако Американците сакаат да станат дел од тој формат. Прашавме дали смееме да кажеме дека од наша страна би се приклучила Руската Федерација, на што Путин одговори потврдно, изјави Вучиќ во Москва по денешната средба со претседателката на Советот на Федерацијата, горниот дом на рускиот Парламент, Валентина Матвиенко.
Вучиќ, кој престојува во неколкудневна посета на Москва, нагласи дека ако Албанците сакаат во преговорите да се вклучат и САД, српската страна ќе бара во нив да учествува и Русија, со цел дијалогот да биде валиден.
- За нас тоа би било сосема логично, затоа што Русија не ја призна еднострано прогласената независоност на Косово. Само бараме рамноправен однос по тоа прашање, изјави Вучиќ.
Тој нагалси дека Србија досега не можела да говори за ова, затоа што немала „зелено светло“ од руските државни органи, кое, според него, е добиено на неговата вчерашна средба со Путин.
- Сега можеме да зборуваме за тоа, потенцираше Вучиќ.
Ново на Сител
-
Политичарите уживаат во мешана скара | Цветанка Арсоска и Весна Анчевска | Sitel Podcast 093
-
Од денеска со „Виз ер“ летови до Барселона и Лион
-
Најмалку седум загинати и 20 повредени во бомбардирање болница и аптека во Јужен Судан
-
Скопјанец ја убил сопругата, приведен на Табановце при обид за бегство
-
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-
Пpeд конклавата во Рим исполнети 90 отсто од сместувачките капацитети
-
Здравствената состојба на Вучиќ моментално е стабилна и задоволителна, тврди доктор Динчиќ
-
Николоски: За две и пол години од денеска ќе имаме автопат по сите прописи и стандарди