Балкан
8. July 2020 - 19:42

Вучиќ ретерира - нема полициски час во Белград

Засилени мерки за Белград, но не и целосен карантин за време на викендот. Претседателот на Србија, Алаксандар Вучиќ, по синоќешните протести изјави дека најверојатно нема да биде донесена одлука за полициски час иако тој смета дека ограничување на движењето треба да има затоа што во земјава веќе нема слободни болнички места.

Синоќешните протести во Белград во знак на незадоволснтво заради повторното воведување карантин кулминираа кога демонстрантите се обидоа да влезат во Собранието од каде полицијата ги исфрли со пендреци. Судирите потоа продолжија по белградските улици. Полицијата употреби солзавец, а демонстрантите камења и запалени шишиња. Повлекувањето почна дури откако беше  ангажирана коњичката полиција.  Во тие моменти беа запалени и 5 полициски возила.

Учесниците во протетсот револтирано ја коментираа политиката на власта за време на корона кризата.

Во протестите повредени се десетици граѓани и полицајци. На снимките се гледа дека и двете страни употребиле прекумерка сила, некои настрадаа затоа што седеа на клупа.

Како организатор на протестот посочен е Дамњан Кнежевиќ познат како водач на таканаречените народни патроли против миграните.