Вучиќ: Речиси сите економски договори на Србија во последната година се со кинески компании
Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска, на средбата со својот кинески колега Ли Кечијанг, изјави дека речиси сите економски договори, што Србија ги потпишала во текот на последната година, се со кинески компании, и замоли за помош за решавање на проблемите на задолжениот српски рударски комплекс Бор, пренесоа српските медиуми.
Вучиќ го покани Ли Кечијанг во декември да го означи стартот на градежните работи на железничката линија Белград-Будимпешта, кога кинескиот премиер ќе биде во посета на Унгарија.
Српскиот премиер изјави дека Србија со голема радост се согласила да учествува во проектот „Еден појас - еден пат“, што, според него, не само што ги решава проблемите на патната, железничката и аеродромската инфраструктура, туку е и начин за осигурување на мирната иднина, во која различните народи и различните религии ќе можат да се разбираат и да живеат заедно.
Ли Кечијанг изјави дека Србија и Кина се пријатели, кои си веруваат и се потпираат еден на друг. Тој изрази надеж дека соработката на двете земји ќе донесе економска печалба и дека може да се прошири на нови области.
Тој додаде дека нема пречки да се воспоствување директна авиолинија од Белград до некои од кинеските градови, и искоментира дека овие летови ќе бидат многу корисни.
Ново на Сител
-
Левица: Два дена по избори - тони ѓубре во Ново Лисиче
-
Кривична за лихвар од Прилеп, наплатувал три пати поголем износ од позајмената сума
-
УЈП: Навремено да се поднесати ДДВ-04 пријавите и да се плати даночниот долг за третиот квартал од 2025 година
-
19-годишник од Скопје паднал со мотицикл и тешко се повредил
-
Божиновска: Нема да останеме без гас, ќе има решение на ниво на Европската унија
-
Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ има огромен успех и во општинските совети, освои 12 000 гласови повеќе во однос на локалните избори во 2021
-
Граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити
-
На Клиниката за неврохирургија во Скопје првпат извршена операција на мозок со помош на системот за стереотаксија