Вучиќ-Рама: Србија и Албанија се пример за регионот
Премиерите на Србија и на Албанија, Александар Вучиќ и Еди Рама во телевизиската емисија „Опкружување“ се согласија за многу прашања, пред се оние кои се однесуваат на иднината на двете земји и подобар живот за граѓаните, а ставовите им останаа целосно различни кога е во прашање Косово, иако и околу тоа имаа согласност дека никогаш да имаат исто мислење.
Гостувањето на двајцата премиери во емисијата снимена во Виена за време на Самитот за Западен Балкан минатата недела, го пополни и Горан Свилановиќ, како генерален секратар на Советот за регионална соработка, пренесува Фена.
Вучиќ и Рама порачаа дека несогласувањето на двете држави по прашањето за Косово не смее да ги оневозможува дијалогот и соработката, оценувајќи дека односите меѓу Србија и Албанија не се најголем проблем на Балканот.
Вучиќ смета дека најтешко балканско прашање е Босна и Херцеговина.
- Мислам дека БиХ ќе биде најголем проблем и се радувам поради тоа. Ние имаме одлични односи со БиХ, ја сакаме Република Српска, се плашам но сметам дека сум во право, истакна српскиот премиер.
Свилановиќ, исто така, оцени дека функционалноста на БиХ е голем проблем.
- Косово има барем рамка за решавање на проблемот, а тоа е Бриселскиот дијалог, а во случајот со БиХ ниту тоа не постои, нагласи Свилановиќ.
Ново на Сител
-
Пожарите стивнуваат, штетата дополнително ќе се утврдува
-
Изградбата на депонијата во Новаци се одвива бавно
-
19-ти „Марш на ангелите“ за правда
-
Годинава се очекуваат околу 65 милиони килограми од популарната црвена пиперка ајварка
-
Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од Левица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се повеќе деца повредени со електрични тротинети
-
Заврши рехабилитацијата на повредените од „Пулс“ на Пониква