Вучиќ прогласи победа на парламентарните избори
Српската напредна партија (СНС) на актуелниот премиер Александар Вучиќ освои 48,26 отсто од гласовите, според прелимираните резултати по обработување на 83 отсто од избирачките места, односно 75,11 проценти од избирачкото тело, соопшти Републичката изборна комисија.
На прес-конференцијата на РИК рано изутринава е објавено дека на второ место е коалицијата околу Социјалистичката партија на Србија (СПС), предводена од Ивица Дачиќ, со 11,37 отсто од гласовите.
Излезниот праг од пет проценти го минаа и Српската радикална партија (СРП) на Воислав Шешељ со 7,97 отсто од гласовите и опозициската коалиција „За праведна Србија - Демократска партија“ со 6,13 отсто.
Движењето „Доста беше“ освои 5,71 процент од гласовите.
Мошне близу цензусот се коалицијата „Сојузот за подобра Србија“ предводен од Социјалдемократската партија (СДС) на Борис Тадиќ со освоени 4,98 отсто од гласовите и коалицијата Двери-Демократска партија на Србија (ДСС) со 4,95 проценти.
Сојузот на војводинските Унгарци освои 1,62 проценти од гласовите, додека останатите листи имаат помалку од еден процент од гласовите.
Според најавите на РИК следната прес-конференција со најнови податоци за изборните резултати ќе биде одржана во 11 часот.
Вучиќ прогласи победа на вчерашните парламентарни избори по објавувањето на прелиминарните резултатите.
- Граѓаните на Србија повторно ни ја дадоа таа чест да ја водиме Владата, рече Вучиќ пред неговите приврзаници.
Српскиот премиер иницираше распишување парламентарни избори две години порано од предвиденото. Тој изјави дека сака нов мандат од избирачите за преговори за приклучување кон Европската унија.
Ново на Сител
-
Обработени 93,30% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати
-
Мицкоски: Поразен е бојкотот на ДУИ, време е да одат со СДСМ во опозиција
-
ДИК: Обработени 90,40% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 390.345, СДСМ 136.748
-
Ковачевски: На СДСМ му е зададен тежок удар
-
ДИК: Силјановска Давкова со повеќе од двојна предност пред Пендаровски
-
Димитриевски: Повеќе нема да живееме во црно-сив свет, честитам на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ
-
Силјановска Давкова: Наградата е непроценлива за мене
-
Обработени 82,38% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59 мандати, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати