-->
-->
Вучиќ пристигна во Москва - утре состанок со Путин
-->
Рускиот претседател Владимир Путин утре во Москва ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, при што ќе се разговара за соработката меѓу двете земји, балканскиот регион и меѓународната состојба.Кремљ денеска и официјално ја потврди средбата која се најавуваше повеќе месеци.
Вучиќ најави дека една од темите на разговор ќе биде состојбата на Косово, каде тој и косовскиот претседател Хашим Тачи го отворија прашањето за менување на границите, а во текот на викендот имаше сериозен безбедносен инцидент околу езерото Газивода.
- Растечките тензии на Балканот ќе бидат една од темите за разговор, изјави Дмитриј Песков, портпаролот на Путин, додавајќи дека сепак средбата била планирана подолго време и не е директно предизвикана од балканските тензии.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп со заканa за Иран: Времето ви истекува, подобро побрзајте или нема да остане ништо
-

Македонската ракометна репрезентција се пласираше на Светското првенство 2027
-

МВР: Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје
-

Вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени две лица
-

Калас: Администрацијата на Трамп не сака силна Европска Унија
-

ОЈО бара притвор за осомничениот за убиството на 18-годишното момче од Бојане
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
-

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
