Вучиќ: Приштина пред два дена имаше подобар договор, сега треба да го исполни сето договорено
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека во однос на статусниот смисол, договорот за регистарски таблички на Косово е „мала тактичка победа“ за Белград и дека пред два дена Приштина имала „подобар договор отколку што постигнала вчера, јави допсиникот на МИА од Белград.
-Не знам зошто си го направија ова. Погрешна проценка, погрешна тактика, но тоа е нивна работа. За нас во ова коминике јасно е наведена неопходноста од исполнување и спроведување на претходните договори, рече Вучиќ.
„Оние кои живеат на Косово и Метохија, а ги има околу 7.000, како и околу 2.000 во централна Србија, можат да продолжат да возат автомобили со КМ таблички без никакви проблеми и казни. Статусно, тоа е мала тактичка победа која ќе не доведе до уште потешки притисоци на кои ќе бидеме изложени“, изјави претседателот на Србија.
Вучиќ кажа дека косовските Срби нема да се вратат во институциите додека не се формира Заедницата на српските општини (ЗСО), што е нивен втор услов, заедно со тоа дека нема да има казни за менување на табличките. Тој рече дека обновувањето на КМ табличките се одвива нормално и дека нема никакви обврски на овој план. Зборувајќи за предлогот на ЕУ за конечниот договор, тој рече дека Србија има свои „црвени линии“.
-Ние велиме дека не го сакаме Косово во ОН и што потоа – ќе не бомбардирате, ќе ни се заканувате со санкции, што? рече Вучиќ на прес-конференција во Белград, по средбата со претседателот на Република Српска Милорад Додик и членката на Претседателството на БиХ Жељка Цвијановиќ.
Тој додаде дека „не е проблем“ веднаш да се прекинат преговорите, но „тогаш како мислите дека ќе ги решиме овие проблеми“.
Запрашан за тоа што ќе се случува на изборите на северот на Косово, кои се закажани за 18 декември, вели дека Србите од Косово рекле дека нивен услов е формирањето на ЗСО и потсети дека тоа било услов и за враќање во институциите, покрај тоа да нема казнувања за регистарските таблички.
-И да сакам – а нема – не можам да ги убедам Србите на Косово во такво нешто, рече Вучиќ.
Ново на Сител
-
„Вратете го детето ќе ви дадам пари“, напишал таткото на Вања во родителска вибер група па ја избришал пораката
-
Турција доби понуда од БРИКС да стане земја партнер во организацијата, изјави турскиот министер за трговија
-
Утре облачно со врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат пообилни
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница за казна затвор од 20 години
-
АХВ: Вонредни контроли во Крива Паланка, уништена небезбедна храна и изречени казни
-
Лишен од слобода маж од Порој поради кривично дело убиство
-
Без вода жителите од Сопиште и Чаир
-
Лишен од слобода 24 годишник од Кочани за издржување казна затвор од 7 години