Вучиќ побара преразгледување на одлуката за референдум во РС
Српскиот премиер Александар Вучиќ го замолил претседателот на Република Српска, Милорад Додик да ја преразгледа одлуката за распишување на референдум против законот за државен суд и обвинителство во БиХ.
На прес-конференцијата по средбата со Додик во Белград, Вучиќ изјави дека тоа е „суверена одлука на РС“, но оти го замолил претстедателот на РС одлуката за референдумот внимателно да ја разгледа.
- Србија никогаш и на ниту еден начин не се мешала во внатрешните работи на Босна и Херцеговина, ниту во внатрешнополитичките проблеми на РС, посочи Вучиќ.
Додик изјави дека судот и обвинителството се под директно влијание на Партијата за демократска акција и нејзиниот лидер Бакир Изетбеговиќ. Претседателот на РС посочи дека се подготвени за дијалог за тоа прашање, но оти ако не се договорот тогаш одлуката за референдум останува во сила.
- Очекувам судот да биде независен, а не под влијание на Изетбеговиќ или на Амбасадата на САД или на Велика Британија. Може да има суд и обвинителство на БиХ, но тие не треба да бидат насочени кон еден народ (Србите), ниту да преземаат случаи од РС, рече Додик.
Вучиќ и Додик разговараа и за нападот врз српскиот премиер во Поточари на одбележувањето на 20-годишнината од масакрот во Сребреница.
Додик инцидентот го оцени како „обид да се дестабилизира регионот“ и ја истакна неопходноста од поддршка на мирот во БиХ и во целиот регион.
Ново на Сител
-
Почна МТФ „Војдан Чернодрински“ - Коневски-Руси, Тодоровски и Михајлова наградени за животно дело
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?