Loading Video...
Свет
4. јуни 2023 - 16:29

Вучиќ објави дека Србија е во тешка геополитичка ситуација и повика на обединување

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ утрово преку видео порака од терасата на Претседателството им се обрати на граѓаните на Србија. 

Објави дека земјата е во тешка геополитичка ситуација и повика на обединување.

„Затоа ги повикувам луѓето да продолжат да работат бидејќи Србија е во тешка геополитичка ситуација, има огромни притисоци околу Косово и Метохија и тие ќе продолжат и некои аутсајдери не ја рушат Србија поради Вучиќ, туку рушат некој Вучиќ поради Србија, затоа што за нив е важно Србија да биде што е можно послаба. Мораме да работиме за да ја направиме Србија посилна, да ја направиме Србија помоќна“, изјави Вучиќ.

И во синеќешната видео порака по завршување на протестот „Србија против насилството“, Вучиќ ги пиовика граѓаните на обединување. Вчера во Белград се оддржа петтиот протест против насилството организиран од дел од опозицијата, поради како што велат слабата реакција на властите по двете масовни убиства во кои загинаа 18 лица.