Вучиќ: Никој никогаш повеќе нема да може да ја повтори „Бура“

Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека Србија и Хрватска никогаш нема да имаат заедничко мислење за историјата, но во нивните погледи за иднината не постои ниту една работа која драматично ги дели.
- Да ја оставиме историјата на страна, а во иднината со Хрватска постои само добра страна. За тоа што очекуваме од иднината, за се можеме да се усогласиме и да мислиме исто или слично, бидејќи не постои ниту една работа која драматично или драстично би не раздвојувала, изјави синоќа Вучиќ во интервју за српската ТВ Пинк.
Одговарајќи на прашање за одделни текстови во хрватските медиуми, Вучиќ ја исклучи можноста од нови српско-хрватски судири.
- Не ми паѓа на ум да војуваме со Хрватите, но размислувам да им дадеме пари и за куќата на Бан Јелачиќ во Петроварадин и за улици, плоштади, училишта. Но исто така велам, како што веќе неколку пати кажав - никој никогаш повеќе нема да може да ја повтори „Бура“, а јас стојам на зборот, истакна Вучиќ.
Тој оцени дека меѓу Србија и Хрватска денес нема нерешливи прашања, но двете држави сакаат подобри услови за своите сонародници во другата земја.
- Реално, ние денес немаме проблеми со Загреб, освен што сакаме подобра позиција за нашиот народ во Хрватска. Некогаш имавме 550.000, ако се вратиме во историјата и 700.000 Срби во Хрватска. Денес има 160.000 Срби во Хрватска и ние бараме подобри права за сите нив, истакна Вучиќ.
Тој нагласи дека хрватското малцинство во Србија може да бара што им е потребно и ќе добие, а Белград истото го сака за Србите во Хрватска.
Вучиќ сугерираше дека Србија треба да се воздржува и да не одговара на сите провокации од Хрватска, вклучувајќи ги и работите од историјата.
Ново на Сител
-

Продолжуваат тензиите на Блискиот Исток: Каква е безбедносната закана за Македонија?
-

Започна судењето на 75 годишниот Денис Асанов, обвинет за свирепо убиство во Штип
-

Поттикнат од бугарски државјанин, скопјанец ширел омраза на ФБ кон македонската држава
-

Тема на денот со Горан Марковиќ, извршен директор на Македонски Телеком
-

Во Министерството за политички систем се земало плата, а не се одело на работа
-

Политички препукувања за трагедијата во Карпош, други двајца повикани во станица дека ги нападнале сопругите
-

Меџити: Вреди ќе стане партија за 2 недели
-

Владин авион утре ќе евакуира 6 лица од Египет – досега 632 Македонци побарале евакуација
