Вучиќ: Немаме веќе луѓе за војни, ниту Србите ниту Албанците
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави синоќа дека Србите и Албанците немаат веќе луѓе за војни и оти компромисот е решение.
– Тоа што е мој повик е дека и едните и другите добро разбираат дека немаме многу животи и дека изгубивме многу луѓе, и Србите и Албанците. Не само во меѓусебни судири туку и голем број кои засекогаш си заминаа од овие простори, изјави Вучиќ за албанската ТВ Клан и американската Еј-Би-Си.
Според него, се поставува прашањето дали може Белград и Приштина да пронајдат нештро рационално и реално, и што би значеле загубите за едните и за другите, јави Танјуг.
- Кога има загуби и за едните и за другите тогаш тоа е макар минимално задоволување и за едните и за другите...тоа би не одвлекло во иднината што ќе значи дека можеме да зборуваме и за поикаков однос меѓу Србите и Албанците бидејќи во следните 100 години тие ќе бидат двата најголеми народа на Западен Балкан, изјави Вучиќ.
- И Албанците мора да влезат во српски чевли на еден ден како што Србите мора да влезат во албански чевли и тоа е она што го зборувам секој ден. Не сум го сменил нималку мојот став или својата приказна затоа што зборувам за албански медиум и тоа е она што искрено го мислам, додаде Вучиќ.
Тој вели дека е подготвен да ги слушне сите албански предлози и предлозите на меѓународната заедница, но според него, тие предлози не смеат и не може да бидат понижувачки за Србија.
Ново на Сител
-
Трамп со аплауз го пречека Путин
-
Авионот на Трамп слета во Екориџ
-
Песков: Самитот меѓу Путин и Трамп во Алјаска ќе трае најмалку 6-7 часа
-
Во Албанија уапсени три лица за подметнување пожари, ситуацијата со пожарите подобрена
-
Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ
-
Хакерски напад врз веб-страницата на српското МВР од IP-адреса од Холандија
-
Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар
-
Поради пожар во НП Јасен патот Македонски брод Скопје затворен за секаков вид возила