Вучиќ: Нема да и дозволам на опозицијата да ги спречи изборите

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека нема да и дозволи на опозицијата да го спречи одржувањето на изборите и дека тоа е едно од најтешките кривични дела.
-Тој филм нема да го гледате, рече Вучиќ за ТВ Пинк Телевизија.
Говорејќи за тркалезната маса што се одржа на Факултетот за политички науки во Белград (ФПН), Вучиќ оцени дека тоа е одлична работа, но дека на тој настан се поканети шестмина претставници на Сојузот за Србија (СзС) и четворица претставници на Српската напредна странка (СНС), со што СНС е оштетена.
-Супер е да се разговара на секое место, но природно место е парламентот, кажа Вучиќ.
Тој наведе дека не знае дали вршителот на должноста заменик помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Метју Палмер за време на престојот во Белград им има порачано на лидерите на опозицијата да одат на тркалезната маса на ФПН.
Тој потврди дека се менува практиката во српскиот парламент, повеќе да нема усвојување на закони по итна постапка и дека повторно ќе има јавна расправа.
Ново на Сител
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Обвинителите избираат нов шеф за организиран криминал и корупција
-

Граѓаните ќе можат да вадат документи преку телефон - промовирана е новата апликација М.услуги
-

Студентите бараат 200 денари за оброк
-

Ќе се пресметуваат ли платите по час? Договор би требало да има до март
-

Подобра инфраструктура и решение за превозниците бараат германските компании кои работат кај нас
-

Филипче предупредува на недостиг на пари
-

Мицкоски тврди: Македонија економски лидер во регионот
