Вучиќ: Не сме потпишале никакви договори со Зеленски

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека во Тирана, на самитот Украина – Југоисточна Европа, Србија не потпишала никакви аранжмани и договори со претседателот на Украина Володимир Зеленски за соработка во однос на оружје и муниција.
– Не, ние не потпишавме никакви аранжмани со претседателот Зеленски. Ние го поддржуваме територијалниот интегритет на Украина, а тие го поддржуваат територијалниот интегритет на Србија.
И ние сме им длабоко благодарни. Двете земји ги поддржуваат прописите на Повелбата на ОН и резолуциите на ОН, кои се темел и основа на меѓународното јавно право, рече Вучиќ.
Претседателот на Србија со ова одговори на прашањето на странските медиуми да коментираат како во средата во Тирана ја потпишал Декларацијата за осуда на руската агресија врз Украина, а во исто време порачал дека Србија нема да воведе санкции против Руската Федерација и зошто Србија би задржал таков „хибриден однос“ кон Украина и Русија, како и дали потпишал некакви конкретни договори со Зеленски во врска со оружје или муниција.
Зборувајќи за односот на Србија кон Русија, Вучиќ истакна дека тоа не е „хибридна позиција“, туку многу јасен став на слободна земја која носи свои одлуки, за себе и за доброто на својот народ.
Тој потсети дека Србија беше под санкции речиси една деценија и дека „добро знае како тоа функционира“.
Ново на Сител
-

Полицаец кој го обезбедува Собранието возел без да има положено за возачка дозвола
-

Мицкоски до Филипче: ВМРО-ДПМНЕ, и по 2028, ќе ја формира следната влада, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика
-

Одобрени обвиненијата против 13 полициски службеници за пожарот во „Пулс“
-

Гаши не го коментира случајот со враќањето на Груби во земјата, смета дека политиката не треба да се меша во судството
-

Николоски: Нови експресни патишта за подобро регионално поврзување
-

Камион усмрти крава на патот Крива Паланка - Куманово, возачот се обидел да избега | ФОТО
-

Македонски специјалец од „Тигар“ најдобар во велеслалом на меѓународен полициски натпревар во Хрватска
-

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте во во вторник доаѓа во официјална посета на земјава
