Вучиќ не очекува извинување од НАТО за бомбардирањето на СР Југославија
Српскиот претседател Александар Вучиќ за чешки медиуми изјави дека не очекува дека НАТО некогаш официјално ќе се извини директно за бомбардирањето на СР Југославија во 1999 година и дека е постојана политика на САД да продолжи да се бара од Србија да ја признае независноста на Косово.
„Тие постојано ќе кажуваат дека дадоа се од себе и дека само сакаа да спречат хуманитарна катастрофа. Ако има вистина во тоа, морам да прашам дали убиството на илјадници луѓе, особено 72 српски деца, беше само „колатерална штета“ „или што“.
„Не верувам во никакво официјално институционално извинување од НАТО“, рече Вучиќ во интервју објавено денеска од чешкиот алтернативен портал Парламентњи листи, јави Бета.
Во врска со извинувањето на Земан, што не нашол храброст да одбие бомбардирање како премиер во 1999 година за Вучиќ „е првиот, но не и последниот”.
Српскиот претседател рече дека не очекува промени во односот кон Србија и Косово по доаѓањето на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.
Ново на Сител
-
Државата ќе ги плати трошоците за складирање на јачмен се до постигнување подобра цена за земјоделците
-
Преглед на вестите од светот
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор