Вучиќ не е сигурен дали ќе има состанок во Париз, Палмер не го знае исходот но сака договор за нормализација на односите

Застојот на дијалогот на Белград и Приштина во фокус на денешните разговори во Белград на српскиот претседател Александар Вучиќ и заменикот помошник на државниот секретар на САД, Метју Палмер.
Во изјавата за новинарите по состанокот со американскиот дипломат, Вучиќ рече дека „овие разгори нигогаш не се лесни, но нивната отвореност и конкретност ни се повеќе битни, отколку тоа кој како во размената на различните аргументи се чуствува и задоволен сум, без обзир што Палмер не може да биде среќен за српските ставови за Косово, како што и јас не сум среќен од нивниот став за Косово.“
Вучиќ кажа дека „го замолил“ Палмер да ја разберат потребата да се најде компромис за Косово, за кој Србија инсистира.
-Му реков дека не се вистински приказните во западната јавност, како Србија го искористила воведувањето такси за да го затвори дијалогот. Ако не можете да пренесувате кекси од една територија на друга, за што да разговараме, рече Вучиќ.
Говорејќи за состанокот на лидерите на Западен Балкан во Париз на 1 јули, српскиот претседател рече дека сé уште не е сигурен дали состанокот воопшто ќе се одржи.
-Ние сме подготвени, сакаме компромис, но јас не мислам дека некој сака повторно да чуе дека некој несака да ги укине таксите, рече Вучиќ, додавајќи дека не верува дека историските работи “се решаваат на еден или на два состаноци”, изразувајќи надеж дека со помош на западните партнери ќе можаат нешто да направат, „ако не сега во Париз, тогаш во некоја блиска иднина, да се продолжи дијалогот.“
Американскиот дипломат Метју Палмер по средбата изјави дека САД континуирано го подржуваат дијалогот на Белград и Приштина и сакаат да се укинат таксите, за да двете страни се вратат на преговарачката маса и на дијалогот, за да се постигне договор кој ќе ја олесни европската иднина на целиот регион.
-Во врска со престојните состаноци, ние ги подржуваме нашите европски партнери. Не можам да Ви кажам каков ќе биде исходот на разговорите во Париз, но сигурни сме дека заедничката цел е решение кое би го довело до догорот за нормализација и овој состанок ќе биде конструктивен.
Одговарајќи на единственото новинарско прашање кое беше поставено за 20-годишнината од крајот на НАТО-бомбардирањето на СР Југославија, Палмер рече дека САД разбираат колку е чувствително ова прашање за луѓето во Србија.
-Многу ни е жал за загубата на животите, но таквата одлука беше донесена од НАТО поради причини кои апсолутно може да се објаснат. Наместо постојано да гледаме назад, треба да ги поттикнеме луѓето да гледаат напред и граѓаните на Србија и Косово да се фокусираат на европската иднина, рече Палмер.
На истата тема одговори и Вучиќ кој кажа дека „агресијата на НАТО уништила многу човечки животи и економската и политичката инфраструктура на Србија во однос на односите со Запад децении подоцна“, додавајќи дека „српскиот народ ја платил цената што не ја заслужил, иако и ние не сме секогаш ангели”.
Ново на Сител
-

Путин: Американските санкции нема значително да влијаат врз руската економија
-

Колку и да си популарен остани си човек | Боби Павловски | ПРОфесија | Sitel Podcast 120
-

Милосим Војнески се повлекува од изборната трка за градоначалник на Македонски Брод
-

Кривичен одреди притвор и куќен притвор за осомничените за лихварство и перење пари
-

На Табановце и Блаце за влез и излез од државава се чека до 40 минути
-

Мицкоски: Нема предвремени избори, време е за голема офанзива на секој план, народот сака подобар стандард
-

ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори
-

Мицкоски: Да излеземе масовно на 2 ноември и да го заокружиме бројот 9 за развој и напредок
