Вучиќ: Наталитетот е најважното прашање за иднината, тоа е проблемот над сите проблеми
Српскиот претседател Александар Вучиќ на денот на одбележувањето на Денот на државноста меѓу другото истакна дека како претседател мора да укаже на сериозните проблеми, а најважен и најтежок проблем е намалувањето на бројот на жителите.
-Државата не смее да се меша во одлуката на поединци, бидејќи основањето на семејство е приватна одлука, но како претседател би ги соопштил бројките кои не се добри и се загрижувачки. Пред 67 години родени се околу 165.000 деца, а сега дури 100.000 помалку. Кога не би правеле ништо на овој план, ситуацијата би била се полоша. Демографијата и наталитетот се исклучително важни за идната на нашата земја, истакна Вучиќ.
Тој додаде дека мора да се грижат и да ги планираат следните 20 и 30 години.
Потсети дека државата од ден на ден се повеќе се развива, но сето тоа е залудно ако нема луѓе.
Вучиќ забележа дека поради демографската рецесија се помалку деца се раѓаат, а луѓето ја напуштаат земјата.
Ако сме одговорни кон себе и идните генерации, вели тој, мора да работиме на проблемот со демографијата.
-Треба да почнеме со најголемата борба против исчезнувањето – тоа е борба за опстанок и иднина на Србија, борба за се или ништо. Немам илузии дека се ќе оди лесно, знам дека ќе биде тешко, но знам дека вреди да се бориме онака како што тоа го правеле нашите предци, нагласи српскиот претседател.
Со политика на грижа за секое дете, мајка, граѓаните, но и со политика на мир и стабилност ќе се бориме нашите потомци да ја слават Србија.
-Србија ќе ја сочуваме и одбраниме од интересите на големите сили, но мора да го сочуваме и нашиот народ бидејќи се е залудно ако немаме луѓе. За тоа ни треба поддршка од сите потомци кои овде се собрале пред повеќе од два века. Сега нам таква историска одлука ни е потребна, заклучи српскиот претседател Вучиќ.
Ново на Сител
-
Ѓорѓиевски: Не смееме да дозволиме поради нефункционалноста на ЈП „Комунална хигиена“ да се загрози здравјето на нашиот народ
-
Лишени од слобода 11 лица за лихварство и перење пари, по едно лице се уште се трага
-
Во недела завршува летното сметање на времето – стрелките се враќаат еден час наназад
-
Рубио: Израелските планови за анексија на Западниот Брег го загрозуваат примирјето во Газа
-
Гаши: 23 Октомври е потсетник на стремежот за правата, еднаквоста и општествената организираност
-
Сиљановска-Давкова: Да го продолжиме револуционерен пат со ум, знаење и реформи
-
Николоски: Потпишавме меѓудржавен Договор за авиосообраќај, создаваме услови за нови линии и бројни туристи од Велика Британија
-
Саркози во затворот Ла Санте добил смртни закани