Вучиќ: На Србија и е неопходен договор со Приштина

Неопходно е да постигнеме договор со Приштина за да продолжиме напред кон ЕУ, за да имаме уште повеќе странски инвестиции, нови фабрики и повеќе работни места и подобар стандард, , изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во телевизиско интервју за РТС.
- Во спротивен случај ќе се соочиме со природен ѕид, кој не може да се пробие, изјави Вучиќ одговарајќи на прашањето што ја очекува Србија ако не биде постигнат обврзувачки договор за нормализирање на односите со Приштина.
Зборувајќи за Косово, претседателот на Србија целата состојба ја спореди со партија шах.
- Играме без дама и топ и се обидуваме кралот да го втераме в ќош и да обебзедиме реми, нагласи Вучиќ.
Тој зборуваше и за разговорот со германската канцеларка Ангела Меркел за Косово. Според него, мислењата на Германија и Србија многу се разликуваат за тоа каков компромис треба да постигнат Белград и Приштина.
- Меркел не ме критикуваше, бидејќи ја почитуваше мојата храброст. Изнесов решенија кои не се стереотипни и со кои не се сите согласни. Јас реков дека секогаш ги сослушувам сите критики, но и дека морам да кажам што мислам. Мислам дека е важно да постигнеме компромис, бидејќи ако не постигнеме, ќе имаме тешки последици, рече Вучиќ.
На прашањето дали Србија ја очекуваат санкции ако не биде постогнат договор со Приштина, Вучиќ одговори дека тоа што ја очекува земјата во таков случај не би го нарекол санкции, туку „природен ѕид кој нема да може да биде пробиен“.
- Ако не го сториме тоа ќе бидеме во ќор-сокак на европскиот пат, како Турција и Македонија, а не заборавајте дека од моментот кога почнавме преговори двојно ги зголемивме странските инвестиции, изјави Вучиќ.
Српскиот претседател изјави растот на БДП во јануари, според сите проценки, бил 4,2 проценти и доколку во првото тримесечје биде четири проценти, ќе има големо покачување на платите и пензиите во јавниот сектор.
Ново на Сител
-

Мечка нападнала маж додека собирал печурки во прилепско, со тешки повреди пренесен во Скопје
-

Aлкараз повторно e прв светски рекет
-

Анкета: Младите во Македонија поделени околу европската перспектива на земјата
-

Најмногу дожд во Струмица, 42 литра на метар квадратен
-

Девизните резерви во октомври зголемени за 120,5 милиони евра
-

Отворени денови на Институтот за македонски јазик
-

Свечена заклетва на 29-та класа на питомци/студенти и слушатели од Курсот за офицери и штабни службеници
-

Повторно забележани дронови над Белгија
