Вучиќ - Ковачевски: Односите најдобри во современата историја, двете држави немаат отворени прашања
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретна со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, со кого според соопштението од кабинетот на претседателот Вучиќ двајцата официјални претставници се согласија дека односите меѓу двете земји се најдобри во модерната историја и дека немаат отврени прашања, јави дописникот на МИА од Белград.
Претседателот Вучиќ изјави дека во Србија и Северна Македонија постои силна политичка волја за натамошно зајакнување на соработката и предложи конкретни чекори на полето на трговијата, туризмот, културата и спортот, се наведува во соопштенеито.
-Премиерот Ковачевски истакна дека нема повеќе отворени прашања меѓу Србија и Северна Македонија и дека партнерството меѓу двете земји се пример за регионот. Тој додаде и дека трите документи, кои се потпишани за време на неговата посета на Белград, ќе дадат дополнителен поттик за зајакнување на соработката, се наведува во соопштението.
Претседателот Вучиќ додаде дека Србија во односите во регионот е решена да промовира позитивна агенда ориентирана кон иднината, што може да се види преку нејзината активна улога во иницијативата Отворен Балкан, а со премиерот Ковачевски разговараше и за соработката во рамките на таа иницијатива и за дополнителните придобивки за граѓаните Србија, Северна Македонија и Албанија.
Претходно претседателот Вучиќ на својот Инстаграм профил, напиша дека со премеирот Ковачевски се согласиле дека односите меѓу двете земји се најдобри во современата историја.
Ново на Сител
-
МВР има нови осомничени за хибридни закани врз државата
-
Мицкоски по условната пресуда за Онкологија: Судиите и обвинителите не ги заслужуваат ниту овие плати
-
СДСМ бара оставка од министерката Јаневска, голем број ученици се уште немаат учебници
-
Експерти: Системската корупција останува проблем кој сериозно влијае на безбедноста на државата
-
Тутунарите се надеваат на добри откупни цени на тутунот
-
Повеќе од 5.000 апликации за земјоделски субвенции во Струмица
-
За три месеци 94 сообраќајни незгоди
-
Преглед на вестите од светот