Вучиќ: Ќе примиме 29 повредени Македонци во Србија
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска при посетата на повредените во пожарот во дискотеката во Кочани, кои се на лекување во Универзитетскиот клинички центар на Србија, рече дека во здравствените установи во државата ќе примат вкупно 29 повредени лица, јави МИА од Белград
Тој нагласи дека во Србија имаат најдобри болнички услови во Европа.
„Невозможно е да се најдат подобри услуги во Европа. Никаде во Европа нема интензивна нега со подобри услови од овде во Белград“.
„Имав можност да ги посетам луѓето кои беа повредени во страшната трагедија во Кочани, Северна Македонија. Девет од нив лежат овде во Клиничкиот центар. Прво посетив двајца, а потоа заедно посетивме седум. Последното лице што го посетивме е во животна опасност, а другите не се. Степенот на изгореници е од четири проценти“, рече тој.
Вучиќ додаде дека кај неколку пациенти најголем проблем претставуваат повредите на респираторниот систем.
„Кај нас ќе дојдат уште 12 пациенти, ги имаме на ВМА, ги имаме во Клиничкиот центар во Ниш. Ќе дојдат уште 12 пациенти и како што сега стојат работите, вкупно 29 пациенти ќе бидат во Србија“, рече Вучиќ.
Тој порача дека Србија секогаш ќе стои покрај братскиот македонски народ.
Ново на Сител
-
Обвинителство бара притвор за Крешник Бектеши
-
Бектеши задржан во полициска станица - Засега нема правна квалификација, вели неговиот адвокат
-
Рокас: Тука сме со поддршка како ваши партнери од првиот миг, да се поддржуваме меѓусебе во вакви тешки мигови
-
Протестот во Кочани продолжи пред Обвинителството и Основниот суд
-
Вучиќ: Ќе примиме 29 повредени Македонци во Србија
-
Byчиќ во посета на повредените од Кочани кои се на лекување во УКЦ на Србија
-
Амбасадорката на Србија Јовановиќ: Дел од повредените и денеска патуваат за Белград
-
Демолирани локалите на газдата на дискотеката „Пулс“ во Кочани