Вучиќ изрази надеж дека војната во Украина наскоро ќе заврши
Претседателот на Србија Александар Вучиќ ја коментираше актуелната ситуација во врска со војната во Украина и изборите во Америка и изрази надеж дека војната наскоро ќе заврши, за што постојат две опции во САД, јави дописникот на МИА од Белград.
-Тие имаат две опции, мислам на демократите, едната опција е да се обидат да го нападнат Трамп со тоа што ќе бидат поголеми патриоти, со помош и поддршка на Украина – што не сум сигурен дека ќе им донесе победа. А другата опција е да се стави крај на војната, да се претстават како оние кои донесоа мир и цел свет во тој случај ќе ги слави. Тоа би бил најголемиот бум во историјата, најголемиот скок во историјата, рече Вучиќ за време на посетата на Прибој.
Вучиќ изјави дека еден месец по завршувањето на војната во Украина и било какво примирје, светот ќе процвета.
-Доколку оваа војна во Украина би завршила, би решиле сè веднаш и лесно, а вака секогаш мораме да се подготвуваме и да сме подготвени за тешка ситуација и криза и да чуваме резерви и да водиме сметка колку имаме од гориво до храна, и не можеме да се опуштиме ниту една минута, изјави Вучиќ.
Ново на Сител
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
