-->
-->
Вучиќ: Името на убиецот на Јелена Марјановиќ да не се објавува пред понеделник!
-->

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска изјавил дека нема да се меша во работата на полицијата и дека би сакал информацијата за убиецот на пејачката Јелена Марјановиќ да не излезе во јавноста пред изборите, за да не се злоупотребува за политички цели.
Вучиќ, одговарајќи на прашање на новинарите, пред неколку дена во неформален разговор рекол дека очекува, убиецот на пејачката Јелена да биде откриен во рок од 48 часа, бидејќи се надева дека полицијата може да го направи тоа.
- Но, би сакал ако е тоа можно, полицијата за тоа да не ја информира јавноста до понеделник, за да нема разни шпекулации од разни луѓе, кои знаат дека не можат да победат на фер начин и кои со својата омраза не успеале да го освојат мнозинството од избирачи, и со ова да немаат уште една причина за омраза и изговори - рекол Вучиќ.
Тој додал дека нема да се меша во работата на полицијата на било кој начин и дека е уверен дека ќе го решат убиството во најкус можен рок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
-

Младите од Црвениот крст во Струмица со мали проекти поттикнуваат хумани дела
-

Мицкоски во Кочани
