Вучиќ: И покрај нападот, ја продолжувам политиката на помирување
Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, по повод нападот во Сребреница, дека нема да ја промени својата политика и оти мора да се создаде заедничка иднина за сите, па и, како што кажа, за неговите напаѓачи, јави Танјуг.
- Мора да создадеме заедничка иднина за сите, па и за луѓето кои ме нападнаа, изјави Вучиќ за весникот, кој на првата страница под наслов „Ја продолжувам политиката на помирување, наспроти нападот“, ја објави таа изјава.
- Нема да ја променам својата политика, мојата рака и натаму е пружена. Мораме да мислиме на иднината и да создадеме основа за подобар живот на Бошњаците и Србите, рече Вучиќ и додаде дека инцидентот уште повеќе го уверил дека сите напори мора да се вложат во помирување.
Освен тоа, Вучиќ изнесе обвинувања на сметка на босанско-херцеговската полиција.
- Наслутував дека ќе ме исвиркаат, сметав и на навреди, но не претпоставив дека ќе бидам изложен на организиран напад, а босанската полиција да не ме заштити, додаде Вучиќ.
Тој појасни оти српската делегација се сомневала во тоа дека полицијата на БиХ доволно добро ќе си ја заврши работата, па побарала заштита да преземе полицијата на Република Српска.
- Најнапред тоа ни го ветија, но неколку часа пред почетокот на комеморацијата ни кажаа дека полицијата на РС не смее да стапи на тлото на Меморијалниот центар, рече Вучиќ, кој говореше за подготвен и организиран напад.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ вечерва на митинг во Богданци
-
СДСМ вечерва на митинг во Ѓорче Петров
-
Тема на денот со Маја Мојсова, кандидатка на СДСМ за Карпош
-
Шаини: Мојата сопруга не стои врз мојот обид за убиство
-
Битолскиот суд одби да го стави Марковски во притвор
-
Обвинетиот кој со мотор усмрти пешак призна вина
-
Кандидатите за градоначалници за Скопје со бројни ветувања за подобар град
-
Партиските изборни карвани со нови ветувања за поубави општини