Вучиќ и Пахомије одбележаа 950 години од основањето на манастирот Прохор Пчински
Српскиот претседател Александар Вучиќ и патријархот на Српска православна црква (СПЦ) Порфириј денеска во Свети Прохор Пчински ја одбележаа 950-годишницата од оснивањето на манастирот, а Вучиќ од епископот Пахомије беше одликуван со Орденот на преподобниот Прохор Пчински, јави дописникот на МИА од Белград.
– Единството на српскиот народ е поважно и потребно од кога било. Ние не сме толку слаби како што бевме, не сме толку силни како што би сакале, но ќе бидеме многу посилни од кога било ако сме обединети, истакна Вучиќ.
Патријархот Порфириј порача дека молитвата Христова кон неговиот отец е повик кон единство, и тоа не на какво било единство, не на единство во идеологиите на овој свет, не кон единство што нè дели од другите, туку кон единство токму во Христа.
– Секој народ е создадена да биде Црква и секој човек е икона Божја и секој е повикан да биде наш брат. Знаеме дека сме православни Срби, но исто така знаеме и дека многу луѓе припаѓаат на други народи, и православни и неправославни, овде во манастирот кога доаѓаат покајно ја наоѓаат првенствено љубовта на монасите и монахињите кои живеат тука, но исто така ја чувствуваат и Божја љубов и од него примаат помош, заклучи патријархот Порфириј.
Ново на Сител
-
Земјава на 42 место во светот според Индексот за слобода на медиумите на Репортери без граници
-
Вчера 132 санкционирани возачи под дејство на алкохол, 114 без возачка дозвола
-
Попладне облачно со краткотраен пороен дожд
-
Поради неизгасната првомајска скара, изгореа куќа и штала
-
Кина: Коронавирусот можеби потекнува од САД
-
Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2025 година
-
Муцунски - Шохеј Хара: Јапонија е еден од најзначајните билатерални донатори на нашата држава
-
Прегледани 745 апликации на јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија