Вучиќ: Хојт Ји ни пренесе тешки пораки, кои не ни се нови
Американскиот заменик-помошник државен секретар Хојт Брајан Ји при неодамнешната посета на Белград ни пренесе пораки од САД кои се тешки за нас, но не ни се нови, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.
- Хојт Ји е сериозен политичар, кој ги пренесе пораките кои се тешки за нас, но не ни се и нови. Тонот (на средбата) беше можеби малку повисок, па затоа и јас за една октава посилно ги бранев интересите на Србија, изјави Вучиќ на прес-конференција по средбата со претседателот на Република Српска, Милорад Додик.
Тпј нагласи дека својата функција ја работел чесно, сериозно и одговорно.
- Преку повеќе теми говорев за независноста на Србија, сувереното право на граѓаните на Србија да се прашуваат за својата иднина многу повеќе отколку некои други и се чини дека имав добри аргументи за тоа, рече Вучиќ.
Тој додаде дека неговиот Кабинет заедно со американската страна градел консензус околу соопштението за јавност и дека првиот текст што српската страна го понудила бил „многу повеќе брутален и го поддржувал она што на состанокот навистина се случувало“.
- Бев убеден дека американската страна очекуваше Србија во соопштението нештата да ги обвитка во обланда. Но, моите одговори беа аргументирани и цивилизирани, рече Вучиќ.
Тој најави дела најави дека утре вечер при гостувањето на ТВ Пинк ќе соопшти детали од разговорот со Ји.
Вучиќ оцени дека Србија тешко ќе може да смета на просперитет во иднина, доколку не гради добри односи со САД.
- Но, каква земја ќе бидеме доколку не го чуваме нашиот слободарски дух. Ние ги почитуваме интересите на САД, Европа, Русија, но ги почитуваме и интересите на Србија, изјави Вучиќ, додавајќи дека српските медиуми се пододелени „кон едно од столчињата“ - руското или американско, но верува дека 50 отсто од граѓаните се определени за независна Србија.
Вучиќ на прес-конференцијата најави и дека до крајот на годината ќе биде утврдена границата меѓу Србија и Босна и Херцеговина.
Ново на Сител
-
Директорот Бурим Љатифи го пушти во работа новиот трансформатор во ТС Битола 2: Клучен чекор за енергетска стабилност
-
Трудо поднесе оставка како лидер на партијата, но ќе остане премиер додека партијата не избере негов наследник
-
Откажани 1.339 летови низ САД поради невремето кое донесе обилен снег
-
ЗНМ: Запалено возило на новинарка
-
Сиљановска-Давкова: Божиќ е симбол на животот, љубовта, почитта и солидарноста
-
Опожарени четири автомобили во пожар во автосервис во Сарај
-
Малолетник завршил со повреди, откако со другар влегле во двор во скопско Студеничани и одврзале куче кое ги нападнало
-
Честитка од Минчев по повод Бадник: Солидарноста и поддршката се темел на нашето општество