Вучиќ го покани Доналд Трамп да ја посети Србија
Српскиот претседател Александар Вучиќ честитајќи го националниот празник на САД, Денот на независноста му упати покана на американскиот претседател Доналд Трамп да ја посети Србија, соопшти Кабинетот на српскиот претседател.
- Наскоро се навршува цел век откако српското знаме се виореше над Белата куќа. Потсетувајќи се на тој светол пример од заедничкото минато на нашето сојузништво (Првата светска војна), сакам уште еднаш да Ви упатам покана во годината на јубилејот да ја посетите Србија, како прв американски претседател после безмалку 40 години. Вашата посета би била од најголемо значење за понатомошно унапредување на сеопфатната соработка на нашите две земји, за што Србија е силно определена, се наведува во честитката на српскиот претседател.
Вучиќ, исто така се заблагодари на поддршката на САД кон Србија на европскиот пат, а особено на поддршката на напорите кои Србија ги прави за зачувување на мирот и стабилноста на Западен Балкан.
Ново на Сител
-

МАНУ анализираше какви кандидати за судии и обвинители ќе се примаат
-

Нов смртен случај од компликации од грип
-

Смарт зелен бран ќе ги чини скопјани 25 милиони денари, Ѓорѓиевски ќе мести и CCTV камери за да се бори со вандалите
-

Ѓорѓиевски: Скопје излегува од финансиски колапс
-

Членовите на УПОЗ ќе одлучат дали понудата на Владата е прифатлива
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Советот на јавни обвинители ги чека предлозите од Владата
-

Филипче: Да се зголеми минималната плата
