Вучиќ ги распиша парламентарните избори во Србија за 26 април
Српскиот претседател Александар Вучиќ денесс ги распиша парламентарните избори во Република Србија за 26 април 2020 година.
-Ќе има доволно време секој да ги претстави своите програми. На сите им посакувам успех, кажа Вучиќ за време на своето обраќање во зградата на Претседателството.
Тој изјави дека „секако дека ќе има повисоки тонови и страсти, секогаш имало, но важно е сè да се одвива во демократска атмосфера и во мир.
Претходно, претседателката на српскиот парламент Маја Гојковиќ ги распиша локалните избори, т.е изборите за одборници на градските и општинските собранија на 26 април.
За истиот ден, избори за пратеници во Собранието на АП Војводина ги распиша претседателот на Собранието на Војводина, Иштван Пастор, како и претседателот на белградското собрание, Никола Никодијевиќ, за избор на советници во сите 17 белградски градски општини.
Ново на Сител
-
ССМ: Трошоците за живот растат, новогодишната кошница нема ефект
-
Преглед на вестите од светот
-
Трамп избран за 47-от претседател на САД
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Избегната трагедија во Чемерско - Сите станари од домот евакуирани
-
Дефект на магистрален вод го остави речиси пола Скопје без парно – Проблемот е решен
-
Прикажани снимките од движењата на возилата со кои е грабната Вања
-
Обинителството истражува дали трето лице помагало на Груби и Беџети во случајот за кој се најдоа на црната листа