Вучиќ: Државата ќе го заштити мирот, Вулин - ова е обид за државен удар
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, им порача на граѓаните дека државата ќе може да „го заштити мирот и стабилноста и покрај криминалните, хулиганите, насилните напади“ кои, како што рече, „ги шокирале сите“.
Во видео порака на официјалниот профил на Инстаграм на Иднина за Србија, Вучиќ ги спореди синоќешните немири во Нови Сад со упадот на фашистичките единици во градот во 1941 година и ги замоли сите граѓани „во Белград и Нови Сад и сите други градови“ да не „се спротивставуваат на насилниците“.
„Ние, како држава, ќе го сториме тоа. Ќе го сочуваме мирот за нашата држава“.
Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин, коментирајќи ги синоќешните протести на улиците во Белград тврди дека има обид за државен удар и насилно преземање на власта и обид за предизвикување граѓанска војна во Србија.
Во изјава за ТВ Пинк тој нагласи дека нема причина да се запали Градската куќа во Нови Сад, да се напаѓа полицијата, да се тепаат луѓе на улиците и да се загрозат животите и имотот на граѓаните на Србија.
Најмалку 19 полицајци и 17 демонстранти се повредени во синоќешните протести во Белград против намерата да се воведе полициски час како мерка за борба со коронавирусот. Според лекари во Итната медицинска помош, нема тешко повредени лица.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Градските инспектори во три смени ќе “ловат“ кој фрла отпад по 22 часот
-

Актуелни и поранешни функционери на СДСМ бараат реформирање на партијата
-

УМС на ВМРО-ДПМНЕ: Mладите се застапени во политиката
-

СДСМ: Недозволив молк за најстрашниот скандал со операциите, дали власта се обидува да го заташка?
-

Полицијата целосно расчисти свирепо убиство во Штип
-

Полициските билтени полни
