Вучиќ: Албанските терористи сакаа да ја покажат моќта и дека ја имаат поддршката од Западот
Терористи облечени во полициски униформи на специјалните единици на непостојната држава Косово сакаа да покажат дека можат да го заземат северот на Косово, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.
Според него, тие тоа го направиле со поддршка од Еулекс и дека „на две возила на РОСУ, имало две возила на Еулекс“.
Претседателот на Србија за време на обраќањето до медиумите по апсењето на шефот на српската канцеларија за КиМ Марко Џуриќ во Косовска Митровица кажа дека Србија ги „почитувала сите меѓународни акти“ и дека на време ја информирала Приштина за намерата на српските државни функционери да одат на Косово.
„Значи, да биде јасно, Марко Џуриќ во согласност со договорите со приштина, три пати пред време информираше за своето пристигнување на Косово и Метохија. На тоа немаше реакција. Ден потоа беше испратена друга најава на која беше само додадено името на Никола Селаковиќ. Одговорот стигна на 25 март во 23:02, велат дека барањето не е на време поднесено. Како прво, не е барање туку информирање. Второ, лажат. На тоа следуваше одговор дека ќе постапиме и ќе го посетиме Косово во согласност со меѓународното право и ги молиме да не се обидуваат да предизвикаат чекори за ескалација на тензиите“, кажа Вучиќ.
„Интересно е што (Беџет) Пацоли кажа дека на Џуриќ и (Александар) Вулин не им е дозволен влез на Косово „бидејќи поттикнуваат омраза“. Дали терористичката, бандитска држава реши дека може да измисли вербален деликт? Дали е забраната затоа што не ги сакаат? Тоа не го пишува никаде во договорот“, додаде српскиот претседател.
Тој истакна и дека „албанските терористи сакаа да ја покажат моќта и дека ја имаат поддршката од Западот“. „Им благодариме на таа информација“.
Ново на Сител
-
Јамал: Ќе се вратам уште посилен по повредата
-
Русија соопшти дека ноќеска уништила десетици беспилотни летала кои Украина ги користела за напад на нејзина територија
-
Сиљановска-Давкова, Мисајловски и Лафчиски на видео-конференциска врска со македонските мировници
-
Мексико: Се судрија автобус и камион, осум загинати, 27 повредени
-
Ново обвинение за струшкиот градоначалник, одземен му е пасошот и друга исправа за преминување граница
-
Трамп го повика Врховниот суд да го прекине спроведувањето на законот за забрана на ТикТок
-
Протестен марш против аерозагадувањето во Скопје
-
Словачка потврди дека се согласила да биде домаќин на евентуални мировни преговори за Украина