-->
-->
Вучиќ: Ако пораката на ЕУ е дека мора да ја прифатиме независноста на Косово, тоа нема да се случи
-->
Претседателот Александар Вучиќ изјави денеска дека ако пораката од Брисел на крајот на изборната кампања била дека ќе мора да се признае независноста на Косово, тоа нема да се случи.
-Ако сакаа да кажат дека Србија ќе мора да ја прифати независноста на Косово, јас им велам дека нема, а сега можеби ќе најдат некој кој ќе го прифати, па можеби и ќе победат. Сосема е јасно кога ќе ги погледнете надворешните фондации кои плаќаа поединечни партии, ќе ви кажат не за избори, туку за проекти, рече Вучиќ коментирајќи ги заклучоците на Советот за општи работи на ЕУ за поглавјето 35.
Тој додаде дека кога ќе праша некој европски премиер или канцелар зошто го прават ова, тие велат дека тоа не го прават поради тоа, туку за финансирање проекти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лајчак: Искористете ја шансата за влез во ЕУ, да не останете запоставени
-
ОЈО побара притвор за 9 од вкупно 23 осомничени во акцијата ,,Адитив''
-
Храната поскапува - Власта уверува дека цените ќе паднат со новогодишната кошница
-
Реставрација на споменици на културата
-
Преглед на вестите од свет
-
Законот за јазиците пред Уставен
-
Приведените во „Адитив“ пред суд
-
Расте откупната цена на тутунот