Вучиќ: Ако победи опозицијата на изборите, јас нема да бидам претседател
Српскиот претседател Александар Вучиќ на предизборниот митинг на Српската напредна партија (СНС) во Смедерево изјави дека, доколку опозицијата победи на изборите, тој повеќе нема да биде претседател.
-Ја прифатив честа да бидам носител на оваа изборна листа бидејќи ќе сносам најголема одговорност. Дали навистина мислите дека е можно јас да бидам претседател, а премиерот да биде еден од тие што ја уништија државата? Можно е тие да бидат премиери. Ако победат на изборите ќе им дадам мандат. Но, не сакам повеќе да бидам претседател, бидејќи после тоа не можам ништо да направам за граѓаните на Србија. И сакам луѓето во Србија да го знаат тоа. Да се преправам дека сум претседател за да имам чанта, машна, секретарка и да се чувствувам добро, а на народот да му биде лошо – нема тоа себеси да си го направам. И јас не сакам да бидам претседател, им порача Вучиќ на насобраните на митингот на неговата партија.
Според него, граѓаните не гласаат само за листа на пратеници, туку и за свој претседател.
-За или против мене, баш како што тие велат, рече Вучиќ на промоцијата на изборната листата „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“.
Ново на Сител
-
ДЗР: Серија неправилности во бирото за развој на образованието
-
Следните денови променливо облачно и нестабилно време
-
Се разгледуваат можности за изградба на нов саемски комплекс во Скопје
-
2252 сообраќајни прекршоци во празничниот викенд, 1018 за брзо возење
-
Поради расчистување на одрон сообраќајот на патот Миравци – Демир Капија по една коловозна лента
-
Џорџ и Амал Клуни, наводно за 10 години ниту еднаш не се скарале
-
Сиљановска Давкова: Папата Франциск ќе го помнам по исклучителниот ум, мудрост, топлина и едноставност
-
Светска организација за заштита на природата: Нерационалното производство и отпадот од храна ја уништуваат планетата