Вучевиќ и Дачиќ: Подготвеност за продолжување на соработката меѓу СНС и СПС

Претседателот на Српската напредна партија (СНС), Милош Вучевиќ и претседателот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ, изразија подготвеност за продолжување на соработката меѓу двете партии, како на републичко ниво, така и на претстојните белградски и други локални избори, јави дописникот на МИА од Белград.
-Милош Вучевиќ и Ивица Дачиќ на средбата во седиштето на СНС позитивно ја оценија соработката меѓу двете партии во последните 12 години и истакнаа дека се постигнати значајни резултати во напредокот на Србија во сите сфери на општеството, се наведува во соопштението на СНС.
На средбата особено беше истакната безрезервната поддршка за претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во одбрана на државните и националните интереси.
-Стабилноста и мирот се од клучно значење и претставуваат основа за опстанок на државата, заклучија Вучевиќ и Дачиќ, се додава во соопштението.
Претходно, Вучиќ денеска изјави дека изборите во Белград може да се одржат на 28 април или на 5 мај, кога е Велигден.
Премиерката Ана Брнабиќ која е предложена за нов претседател на српскиот Парламент, исто така денеска изјави дека Дачиќ ќе претседава со Владата на Србија до изборот на нова влада.
Ново на Сител
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
