-->
-->
Второто издание на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7’’
-->
Од утре во Охрид ќе стартува второто издание на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“, кој оваа година ќе се одржи во две смени од 17-23 и 24-30 јуни.
Организаторот на овој спортски настан информираат дека е се подготвено, над 250 момчиња и девојчиња од 7 земји да се едуцираат и дружат со најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров.
Според програмата, во текот на утрешниот ден до пладне во хотел Аквалина, треба да пристигнат учесниците на првата смена, а околу 12.30 часот ним добредојде ќе им посака капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров со што и официјално ќе биде означен старт на второт издание на кампот.
Организатор на овој камп кој минатата година го посетија над 200 деца од најразлична возраст, се потруди дополнително да ги зголеми стандардите и условите во кои ќе работат идните македонски ракометни надежи. Двата терени на кој ќе се одвиваат активностите, добија комплетно нови подлоги за максимално безбедни и функционални тренинзи на учесниците, а воедно обезбедена е врвна спортска опрема за секој учесник на кампот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Политико: ЕУ има пет години да се подготви за војна
-
Уште една измама со лажна сообраќајка, измамена 82-годишна скопјанка за сума од 4.000 евра
-
До сабота променливо облачно со повремен дожд
-
Топ-10 листа: Расте продажбата на теренци во Европа
-
Интернет користи 92,1 отсто од населението во земјава
-
Лекарска комора: Комисијата за етички прашања го разгледа случајот поврзан со д-р Кузмановски
-
Зеленски: Русија ја нападна Украина со над 300 дронови и 37 ракети
-
М-НАВ: Судот го забрани најавениот штрајк на контролорите на летање