Втора тркалезна маса на Министерството за правда за измени на Законот за Судски совет
Министерството за правда, во соработка со проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, организира тркалезна маса за потребата од измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија.
Настанот ќе се одржи од 10:30 до 14:30 часот, во салата на Апелационен суд Битола.
Воведно обраќање на настанот ќе има Ален Деребан, заменик министер за правда, по што ќе следува презентација на процесот на изработка на нацрт измените и дополнувањата на Законот за судски совет.
Целта на тркалезната маса е да се поттикне стручна расправа за содржината на нацрт измените и дополнувањата на Законот, подготвени од работна група во рамки на Министерството за правда.
Ова е втора од неколкуте консултации кои Министерството планира да ги организира за да обезбеди транспарентен и инклузивен процес за унапредување на законската рамка за работењето на Судскиот совет.
Заклучоците и препораките од тркалезната маса ќе бидат основа за понатамошно подобрување на текстот на измените и дополнувањата на законот.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Во вториот квартал би требало да имаме извонредно висок раст на БДП
-
Трипуновски: Кога ќе одберете домашен производ, вие инвестирате во иднината на нашите села
-
Афазија е нарушување на комуникацијата по мозочен удар - Во земјата има околу 10 000 лица со оваа состојба
-
Шведска поддршка за блатото
-
Се реконструира музејот на вода
-
ВМРО-ДПМНЕ утврди кандидати за градоначалници за претстојните локални избори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека