Втор пораз на македонските ракометари на Европското првенство
Македонската ракометна репрезентација загуби вечерва во Берлин од Германија со 34-25 во рамки на второто коло од групата А на Европското првенство.
По стартниот неуспех против Франција, вториот пораз во групната фаза на избраниците на селекторот Кирил Лазаров го навести веќе првото полувреме на дуелот во „Мерцедес Бенц Арена“ по кое Германците дојдоа до предност од 18-13.
Бодрени од околу 15.000 гледачи во Арената во Берлин, домаќинот на завршниот турнир од самиот почеток го презеде водството, кое постепено го зголемуваше за да достигне највисоки +7 во 25 минута (16-9).
Германците, кои со вечерашниот триумф обезбедија пласман во втората фаза, го отворија второто полувреме со три голови во низа за водство од 21-13.
Македонците одговорија со серија од 4-1, но уследи тајмаут на спротивната страна по кој Германија ги консолидираше редовите и во 48 минута на семафорот стоеше предност за домаќините од недостижни 29-20.
Најефикасен во македонските редови беше Ненад Костески со шест голови.
Македонските ракометари со поразите од Франција и Германија ги загубија шансите за пласман во вториот круг пред завршниот натпревар во вторник од 18 часот против Швајцарија, која претходно денеска одигра нерешено 26-26 против Франција.
Ново на Сител
-
Пратениците расправаат за интерпелација на министерот Тошковски
-
Николоски: Предвремени избори нема да има
-
СДСМ: Дали градоначалникот Стефковски лично се јавувал за неговиот брат да не биде казнет?
-
Мерката замрзнати маржи истекува утре, ако цените растат владата ќе донесе нови мерки
-
Наумоски: Концесијата нема да ги заштити ендемичните риби
-
Преглед на вестите од светот
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност