Свет
15. December 2016 - 20:46

Втор конвој од 15 автобуси и амбуланти возила со борци и нивните семејства го напушти Алепо

Втор конвој со автобуси и амбуланти возила и нивните семејства го напушти источниот дел на Алепо. 

Борците и нивните семејства ќе го напуштаат градот во текот на целата ноќ. 

Досега се изнесени 951 лице, од кои 200 бунтовници, како и 108 повредени луѓе. 

Вкупниот број на лица кои треба да се евакуираат е 4.000. 

ТАСС јави  дека возилата поминуваат по специјална маршрута преку Алепо, придружувани од претставници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст и по наредба на рускиот претседател Владимир Путин и од руски војници.