-->
-->
Втор финален меч меѓу Соколи и МЗТ
-->
Екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи денеска ќе го играат вториот натпревар од финалето на плејофот, односно дуелот број два за шампионската титула во кошаркарското првенство на Македонија.
Пред два дена, односно во неделата, актуелниот македонско првак МЗТ Скопје пред својата публика во Јане Сандански во неизвесен натпревар го доби првиот меч со 77-76. Соколите можеа да направат и брејк, но обидот на Доминик Мавра за тројка во последната секунда не ја погоди целта па аеродромци можеа да ја прослават првата победа за водство од 1-0.
Сега Соколите ќе ја имаат предноста на домашниот терен, иако сезонава на натпреварите на тимот на Карпош во СЦ Борис Трајковски речиси и да нема повеќе од 200-300 гледачи.
Сепак ако се земат во предвид меѓусебните дуели кои сезонава ги играа овие два тима, треба да се има во предвид фактот дека со исклучок на претпоследниот меч и тоа во Супер лигата, победникот беше решаван во неизвесна завршница.
Така беше и на свете средби во АБА лигата во кои екипите кои ја имаа улогата на домаќини забележаа победи со по три поени разлика, а првиот меч од домашното првенство во Борис Трајковски беше решен по дополнителните 5.минути односно во продолжението откако регуларниот дел заврши нерешено 73-73, за на крајот аеродромци да се радуваат на победата.
Тоа е и единствениот триумф на гостински терен во петте овосезонски средби во кои МЗТ Скопје има четири победи.
Потсетување дека шампионската титула ќе ја освои екипата која прва ќе стигне до три победи.
Денешниот, натпревар број 2 од финалната серија ќе започне во терминот од 20 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Чествување на Свети Ѓорѓи Кратовски
-
Избори во Германија
-
Мицкоски: Не знам дали ќе успеам но не се откажувам
-
Предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, во вторник на Владина седница
-
Премиерот Мицкоски негира партиски вработувања во администрацијата, СДСМ бара истрага
-
СДСМ обвинува дека на Меџити му се одземени ингеренциите поради мито од фирми и граѓани, Мицкоски негира
-
Пробиштипјанка измамена за 1.4 милиони денари
-
По 4 децении од почетокот на градбата годинава треба да почне со работа новото крило во струмичката болница