Втор дуел меѓу Полска и Македонија
Одбојкарската репрезентација на Македонија попладнево игра уште еден натпревар од Европската лига и повторно на гости кај Полска. Вчера нашите одбојкари ја совладаа Полска со 3:2 во сетови.
- Горд сум на моите играчи. Ние покажавме дека имаме само една цел на овие дуели со Полска, а тоа се победи и да имаме шанса да направиме нешто на завршниот турнир. Успеавме да се вратиме по 1:2. Ние ќе се обидеме да постигнеме уште една победа, изјави селекторот на Македонија Жарко Ристоски.
- Не е уште готово ние треба да победиме уште еднаш и да ги чекаме резултатите од натпреварите Словенија – Грција. Среќен сум заради победата од 3:2. Покажавме карактер и менатална сила и видовме дека можеме до победата, истакна капитенот Никола Ѓорѓиев.
Доколку нашата репрезентација постигне уште една победа ќе ги очекува исходите од натпреварите меѓу Словенија и Грција и ќе бидат потребни две победи на Словенија, нашата селекција да се пласира на завршниот турнир од Европската лига.
Почетокот на натпреварот е во 17 часот.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден