Македонија
7. September 2021 - 20:01

Втор ден проблеми со апликацијата за попис

Системот е обновен и пописот на терен продолжува без проблеми, тврди директорот на Статистика, откако вчера апликацијата за попис не работеше неколку часа. Тоа што и денеска извесен период системот повторно не беше функционален, Симовски објаснува дека станува збор за обновување на апликацијата, со цел во иднина да не се повторат слични проблеми.

Попишувачите сè уште немаат список на адреси од лица кои се во изолација поради Ковид-19. Но, велат дека за сега статистичката операција на терен се одвива без посериозни пречки и имаат добар прием од граѓаните.

До сега нема казнети граѓани за одбивање за попишување, но доколку се појават такви случаи од Статистика велат дека нема веднаш да се изрекуваат казни, туку најпрво државните инструктори ќе разговараат со тие лица во обид да ги разубедат.

Инаку, во изминатите два дена попишани се скоро 140.000 граѓани, односно над 40.000 домаќинства. Од Статистика велат дека со стартот на пописот на терен, расте и интересот на дијаспората, од каде се самопопишале над 190.000 граѓани.