Втор ден од неформалниот состанок во Хелсинки на министри од ЕУ и регионот на Западен Балкан
Неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ и „партнерите со Западен Балкан“ и Турција, организиран од Федерика Могерини и финското претседателство со ЕУ, продолжува денеска во Хелсинки.
Централна тема на средбата ќе биде регионалната соработка додека тема на неформалниот работен ручек ќе бидат човековите права.
Дводневната средба на министрите за одбрана и министрите за надворешни работи на ЕУ почна вчера во Хелсинки, а денеска на нив им се придружија партнери од Западен Балкан.
„Сите шест партнери од Западен Балкан се поканети на овие разговори. Во прашање е неформална дискусија за сите заеднички надворешни и безбедносни аспекти на регионалната соработка и вклучувањето на сите партнери е неопходно и корисно“, се наведува во изјава на портпаролот на ЕУ.
Ново на Сител
-
Три вработени во ЈСП Скопје обвинети за проневера од 23 милиони денари
-
Уапсен Илир Мета, поранешен претседател на Албанија и лидер на Партијата на слободата
-
Министерот Трипуновски потпиша договор со Управата за хидрометеоролошки работи за користење на финансиска поддршка од 1.000.000 денари
-
Околу двесте лица вакцинирани од утрото во поликлиника „Бит Пазар“
-
Трамп за Волстрит Журнал: На Путин му реков дека ќе го гаѓам центарот на Москва доколку ја нападне Украина
-
Неизвесен за натпреварот со Порто - Борозан нападнат од кучиња скитници
-
Уапсени две лица барани од Интерпол-Австрија и Интерпол–Словачка
-
Намалување на цените на горивата