Втор ден од 42. Галичка свадба
Со ритуалот канење на мртвите, кога зетот заедно со група од најблиските роднини го посетува гробот на починатите, во Галичник започнува вториот ден од 42. издание на Галичката свадба, која е основен белег на Галичкото културно лето.
Следи канењето на кумот, упатување на свадбарската поворка по невестата, нејзино испраќање до домот на младоженецот. Венчавањето на младенците ќе се одржи во црквата „Св. Петар и Павле“, а свадбените церемонии ќе завршат со носење на невестата на вода и заигрување и испраќање на топаните.
Со одлука на Советот на месната заедница Галичник, кој е организатор на манифестацијата, годинашни младенци се Билјана Геговска, која потекнува од старо галичко семејство и Филип Белчев.
Галичката свадба обединува над 30 свадбени обичаи карактеристични за мијачкиот крај од кои повеќето и денес се изведуваат за време на свадбени веселби.
Согласно традицијата, свадбата започна синоќа со китење, редење на бајракот и фрлање пушка во вила „Доста“. Потоа следеше пречек на топаните, а беа изведени и „Свекрвино оро“ и „Тешкото оро“ како симбол на пркосот и непокорот. Саботните свадбарски свечености завршија со Одење на вода на три чешми.
Во рамки на овогодишното „Галичко лето“ ќе се одржат книжевна и ликовна колонија. Книжевната колонија „Галичник“, која традиционално се одржува во првата половина на август, поради смртта на истакнатиот поет Тодор Чаловски, по потекло од Галичник, годинава е поместена за средината на септември. Галичката ликовна колонија, пак, годинава ќе угости повеќе домашни и странски уметници, а ќе се одржи од 15 до 23 август.
По повод верскиот празник Преображение ќе биде организирана свеченост, а црквата „Св. Петка“ ќе биде цела ноќ отворена за посетители.
Ново на Сител
-
СВР Тетово го расчисти случајот во кој беа нападнати двајца малолетници
-
Македонските фудбалери поразени од Саудиска Арабија
-
Зеленски: Сите сојузници од Коалицијата на подготвените согласни се дека Русија ги отфрла иницијативите за мир
-
Русија протера естонски дипломат
-
Почина италијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани
-
Гаши за утре закажа седница на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и АР
-
Министерот Тошковски на средба со амбасадорката Агелер: Потврдена силна поддршка од САД за реформите во МВР
-
УХМР: Следува период на претежно стабилно време