Свет
25. February 2022 - 21:16

Втор ден борби за Киев, Зеленски и Владата на улица

По повеќе часа молк, се огласи украинскиот претседател Володимир Зеленски. Откако во јавноста се проширија информации дека му се губи трага, Зеленски објави видео на социјалните мрежи од Киевските улици, каде заедно со премиерот и уште неколкумина од политичкиот врв упати охрабрувачка порака за својот народ.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин упати порака до украинскиот народ да не наседнуваат на идеите и провокациите од Западот.

Додека воените трупи од Русија и Украина веќе два дена војуваат на украинско тло, сè уште нема конкретни чекори за преговори, иако за решавање на спорот по дипломатски пат подготвеност има и од двете страни. Украина изрази желба за преговори со Русија, особено за неутралниот статус во врска со НАТО но, Русија бара украинската војска претходно да го положи оружјето.