Втор број на меѓународното електронско студентско списание за археологија
Студентското археолошко здружение „Аксиос" од Скопје денеска во Археолошкиот музеј на Македонија ќе го промовира вториот број од меѓународното електронско студентско списание за археологија и историја на уметноста „Axios".
Вториот број содржи шест труда на студенти од катедрите за археологија, историја на уметноста и историја од универзитетите „Св Кирил и Методиј“ во Скопје и „Гоце Делчев“ во Штип, како и десет труда од странски студенти од универзитетите од Белград, Копер и Љубљана.
Годинава текстовите опфаќаат теми од археолошка методологија до симболички анализи, доцноантичка уметност и музеологија.
- Промоцијата е во рамки на стратегијата за промоција на археологијата во Република Македонија и, особено, на развојот на младиот археолошки кадар, соопшти Археолокиот музеј на Македонија.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена