Вселенското летало на Илон Маск полета кон Меѓународната вселенска станица
Вселенското летало „Кру Драгон“ на компанијата на Илон Маск „Спејс ИКС денеска полета кон Меѓународната вселенска станица од вселенскиот центар Кенеди, во Флорида, соопшти НАСА.
Членови на мисијата „Кру-7“ се астронаутот на НАСА, Џасмин Могбели, астронаутот на Европската вселенска агенција, Андреас Могенсен, космонаутот на Роскосмос, Константин Борисов, и астронаутот на Јапонската вселенска агенција, Сатоши Фурукава, пренесува Тасс.
Леталото треба да слета на МВС во 14:50 часот по средноевропско време.
Екипажот на „Кру-7“ ќе учествува во повеќе од 200 научни експерименти кои, меѓу другото, вклучуваат собирање на примероци од микроби од надворешноста на МВС и проучување на спиењето на астронаутите.
Од полицијата за Курир потврдуваат дека усмртени се две жени, мајка и ќерка, а убиецот самиот си пресудил.
-Околу 14.25ч. постапувајќи по добиена пријава, во стан во Куманово полициски службеници ги пронашле починати Е.А.Ј. (40) од Куманово и нејзината мајка П.Н., кои претходно со нож ги убил Д.Ј. (46) од Куманово (сопруг на Е.А.Ј.) Потоа Д.Ј. си нанел повреди и себеси и скокнал од прозорецот. Д.Ј. бил пренесен во болницата во Куманово, каде починал, информираат од МВР.
Во истиот стан каде се случила трагедија бил и 8-годишниот син на таткото-убиец и мајката-жртва.
-Детето, според сознанија на истрагата, било заклучено во една соба, додека таткото се расправал и и викал на сопругата и на нејзината мајка (баба на детето). 8-годишното дете викало на помош, а соседите кога слушнале повикале полиција за семејно насилство. 46-годишниот сопруг со нож ја избодел сопругата, а потоа и нејзината мајка која била во станот на улица Лесковачка во Куманово, пренесува ТВ Телма.
Според една верзија која на полицајците им ја кажале соседите, злосторот се случил ноќеска околу 2 часот, а таткото-убиец претходно го заклучил детето во соба. Денеска пак се фрлил од прозорец по што реагирала полицијата која била повикана поради криковите на 8-годишното дете.
-Според друга верзија пак, кога полицајците стигнале и кога убиецот ги видел во станот, се приближил до прозорецот и се фрлил од 6-тиот кат на зградата во која се случило двојното убиство. Осомничениот е префрлен во кумановската болница, но не преживеал. Полицајците при интервенција го згрижила 8-годишното дете кое за миг остана без родителите и бабата. Тоа не е повредено, пренесе Телма.
Ново на Сител
-
Секој трет угостител не издава фискални сметки – УЈП ги повика да го платат данокот
-
Денеска беше осветен храмот „Св. Мина”
-
Да не се јадат овошјето и зеленчукот од Трубарево, анализи на почвата да се прават и догодина, велат познавачите
-
Средба на Муцунски со помошникот државен секретар на САД за Европа
-
Тема на денот со Андон Чибишев, токсиколог
-
Директори, началници и шумочувари организирано го пустошеле Малешевието
-
13 приведени по инцидентот пред прилепската болница
-
Мицкоски очекува посуштински разговори со Софија дури по нова година