Свет
16. March 2017 - 12:02

Врие специјалци: Вооружен азилант упадна во „Шпаркасе“ и држи двајца заложници

Вооружен азилант упаднал во банката „Шпаркасе“ во германскиот град Дуисбург и држи двајца вработени, маж и жена како заложници.

View image on Twitter

На местото на злосторството веднаш стигнале полициски патроли, но засега не се знаат мотивите кои ги натерале азилатнот на ова, ниту е соопштено од која националност е.

 
View image on Twitter

-Моментално ја опколивме целата област, рече еден портпарол на полициајта. На самот место, според неговите зборови се тешко вооружени специјалци. Мораме да претпоставиме дека внатре има само еден вооружен напаѓач и уште неколку лица, вели тој и додава дека нападот го смета за „нетипичен грабеж на банка“ кој се случил пред да биде отворена банката.

Полицијата се уште не воспоставила контакт со луѓето во зградата на банката. Портпаролот наведува дека очевидците потврдиле дека напаѓачот кај себе има оружје.

Една работничка од банката успеала утрово да побегне и ја известила полицијата за напато кој се случил пред 9 часот. Вработените слушнале гласови како доаѓаат ог трезорот кога утрово стигнале на работа. Полицијата е известена околу 8.40 часот за ситуацијата, а банката требало да биде отворена во 9 часот.

Наскоро повеќе детали.