Македонија
13. February 2017 - 9:11

Врие полиција во Скопје, обезбеден теренот за ново рочиште

Во судница на Врховниот суд денеска продолжува судењето за случајот „Диво Насеље“, кое ќе биде отворено за јавноста, бидејќи се очекува да сведочат неколкумина сведоци.

Минатиот петок се читаше писмениот исказ на сведокот на обвинителството, Шабан Јашари, бидејќи тој не беше присутен во судница. Јашари дава опис на сето она што го забележал деновите пред да се случи настанот во кумановската населба, но и за она што се случувало во текот на самиот ден.

Во изјавата тој наведува дека на 5 и 6 мај најпрвин забележал униформирани лица во една од куќите чиј сопственик го познава, а исто така укажува и на тоа дека пиел кафе со Сами Укшими познат како командант Соколи за кој во изјавата тврди дека во 2001 бил близок со ДПА и Мандух Тачи.

Сведокот дава објаснување и за уште двајца осомничени на што одбраната реагираше дека исказот не треба да биде прифатен бидејќи нема заклетва, а дел од адвокатите на одбраната бараа и аудио и видео запис од сведочењето.

Овие барања судскиот совет ги отфрли, а не беше обезбедено присуството ниту на другите двајца сведоци.

Инаку, за да се одржи едно рочиште за овој случај се трошат околу 50.000 евра поради големите мерки на обезбедување. До ноевмри лани беа потрошени над 1,3 милиони евра, а оттогаш се одржаа уште неколку судски рочишта.

Ново на Сител