Врховниот суд на Јапонија пресуди дека задолжителната стерилизација при промена на полот е неуставна
Јапонскиот Врховен суд денеска пресуди дека е неуставен законот со кој се бара од трансродовите лица да се отстранат репродуктивните органи за официјално да се одобри нивната промена на полот.
Американските медиуми пренесуваат дека ова е првата одлука на Големиот судски совет од 15 судии на Врховниот суд што се однесува на уставноста на јапонскиот закон од 2003 година со кој се бара отстранување на репродуктивните органи од трансродовите лица со цел официјално да се признае нивната промена на полот.
Тужбата беше поднесена од трансродова жена која беше одбиена од пониските судови и идентификувана само како жител на западна Јапонија. Таа првично поднесе тужба во 2000 година, тврдејќи дека условот за операција претставува огромен економски и физички товар и го прекршува Уставот.
Меѓународните групи за човекови права и медицинските организации го критикуваа јапонскиот закон за трансродови лица од 2003 година како нехуман и застарен.
Јапонија е единствената членка на Г7 која не дозволува истополови бракови.
Ново на Сител
-
Двајца сопружници починаа во пожар во Крива Паланка
-
Поранешниот канадски премиер Жан Кретиен ги осуди експанзионистичките идеи на Трамп
-
ЦУК: Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани
-
Поведена постапка против лице за семејно насилство врз неговата сопруга
-
Патничкиот железнички сообраќај се одвива нормално и без прекин, со минимални задоцнувања, товарниот со мали застои
-
Сообраќајот на патиштата се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег
-
Украина ноќеска соборила 60 од 94 лансирани руски беспилотни летала, 34 се „изгубиле“
-
Студено насекаде со врнежи од снег, поради ниските температури ќе има појава на голомразица и снежни наноси